{1:1} Павле, затвореник на Исус Христос, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник, {1:2} и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква. {1:3} Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос! {1:4} Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои, {1:5} бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии, {1:6} и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос. {1:7} Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите. {1:8} Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш, {1:9} сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос, {1:10} и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои: {1:11} и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и тебе, и мене. {1:12} Ти го праќам назад него - прими го како да е моето срце. {1:13} Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието. {1:14} Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна. {1:15} Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш, {1:16} не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе - и по тело, и во Господ. {1:17} И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене. {1:18} Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка. {1:19} Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен. {1:20} Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ. {1:21} Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам. {1:22} А заедно со ова приготви ми и сместување, зашто се надевам дека со вашите молитви ќе ви бидам даруван вам. {1:23} Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник во Христос Исус, {1:24} Марко, Аристарх, Димас, Лука -моите соработници. {1:25} - - -